Денес многу компании зборуваат за младите, но малкумина вложуваат во нив со децении. Зошто Пивара Скопје одлучи младите да бидат во фокусот на својата општествена одговорност?
-Искрено, во Пивара Скопје, секогаш тргнуваме од себе. И ние некогаш сме биле млади и знаеме колку значи кога некој ќе верува во тебе во вистинскиот момент. Но, не секој млад човек има ист старт. Не секој има пристап до обуки, ментори, искуство или можности да го покаже својот потенцијал. Но веруваме дека потенцијал има во секој од нив, како и дека секој успешен човек некогаш бил млад човек на кој некој му дал шанса. Некому една шанса му менува ден, на млад човек може да му го промени животот.
Токму затоа веќе со децении Пивара Скопје инвестира во младите, преку различни програми што отвораат вистински можности. Преку нашата едукативна платформа Youth Empowered им помагаме на младите да стекнат вештини и самодоверба за идните кариери. Преку Спортските игри за млади ги промовираме вредностите што градат силни генерации: тимска работа, упорност, почит и пријателство. Соработуваме со повеќе факултети, обезбедуваме пракса преку нашите програми како Coke Summership, и им даваме можност на младите да го направат првиот чекор кон професионалниот свет. Ова не се активности со краткорочен ефект. Ова се инвестиции во луѓе, идеи и иднина.
Низ годините научивме една едноставна, но важна вистина: младите не бараат некој да им ја изгради иднината. Бараат некој да им отвори врата. Нашата улога е токму тоа – да создаваме можности, да охрабруваме и да покажеме доверба. Бидејќи кога еден млад човек ќе стекне нова вештина, ќе добие поголема самодоверба или ќе ја пронајде својата насока, не успева само тој, добива целата заедница. А вистинската вредност на една компанија не се мери само по тоа што создала денес, туку и по тоа во кого инвестирала за утре. Секогаш ќе избираме да инвестираме во младите.
Дали компаниите имаат обврска да создаваат идни професионалци, а не само идни вработени?
-Улогата на компаниите не е само да создаваат идни вработени. Многу поважно е да создаваат идни професионалци. Нашите програми ги подготвуваат младите за пазарот на труд, без разлика каде ќе ја градат својата кариера. Секако, горди сме што многумина од нив одлучуваат да останат и да растат токму кај нас, во Пивара Скопје. Еве имаме и примери на практикант од една од програмите, кој за само неколку години стана дел од нашиот сениор лидерски тим. Тоа е најдобриот доказ дека кога инвестираш во младите и во луѓето, создаваш вредност и за нив и за компанијата.
Во време на вештачка интелигенција и брзи технолошки промени, кои човечки вештини стануваат уште поважни?
–Во време на вештачка интелигенција и брзи технолошки промени, најважни стануваат токму оние човечки вештини кои технологијата не може лесно да ги замени. ВИ може брзо да обработува податоци, да автоматизира рутински задачи и да создава содржини, но луѓето остануваат незаменливи кога станува збор за критичко размислување и проценка, што е многу важно, да ги постават вистинските прашања, да ги оценат ризиците и да носат одлуки во сложени ситуации кога нема едноставен одговор. Понатаму, незаменлива е човечката креативност и љубопитност, емоционалната интелегенција, емпатија и комуникација, во која луѓето треба да градат доверба, активно да слушаат, едноставно да објаснуваат сложени теми и успешно да соработуваат со другите. Колку технологијата станува помоќна, толку повеќе ни се потребни човечки вредности за да ја насочуваат нејзината употреба – одговорно, правично, инклузивно и со јасна цел. Затоа, иднината е да бидеме технолошки подготвени, но и мудро да ја користиме технологијата, бидејки луѓето и организациите кои ќе ги комбинираат дигиталните вештини со човечките вештини, ќе бидат најдобро подготвени за иднината.

Колку е важно младите да стекнат практични вештини пред првото интервју за работа, а не дури по него?
-Практичните вештини денес се подеднакво важни како и формалното образование. Работодавачите сè повеќе бараат луѓе кои знаат како да ги применат своите знаења во реални ситуации, да комуницираат, да решаваат проблеми и да се адаптираат. Колку порано младите стекнат искуство преку пракса, волонтирање или обуки, толку полесно ќе го направат преминот од училница во работна средина. Тоа им дава самодоверба, реална слика за работниот свет и можност да го покажат својот потенцијал уште пред првото интервју за работа.
Во таа насока, како компанија имаме ја имаме платформата Youth Empowered, едукативна платформа на Пивара Скопје, креирана со цел да им помогне на младите луѓе да сe стекнат со практични вештини за вработување или основање на сопствен бизнис, развивање на нивните лични и професионални вештини и да се подготват за успешен почеток на кариерата, односно да бидат потготвени за реалниот пазар на трудот. Програмата опфаќа повеќе модули, како ChatGPT и други AI алатки, Лидерство, Кариерен развој, Одржливост и ESG, комуникации, социјално претприемништво, финансиска писменост, дигитални вештини и дигитална писменост, младински активизам. Учесниците имаат можат да посетат предавања во живо кои се одржуваат на целата територија на целта земја, како и да ги слушаат вебинарите на овие теми на веб страницата на Пивара Скопје. Нашата цел е едноставна, да помогнеме младите да бидат не само подготвени за првото интервју, туку и за успешна и долгорочна кариера.
Како се мери успехот на една ваква програма – по бројот на учесници или по животните приказни што ги создава?
-Во период од 10 години низ бесплатните обуки имаат поминато околу 11.000 млади, од кои над 50% основале свој бизнис или се вработиле една година по завршувањето на обуката. Но, зад секоја бројка стои реална приказна, млад човек што ја пронашол својата насока, добил самодоверба, ја добил првата работа или ја претворил својата идеја во бизнис. За нас, токму тие моменти се најголемата потврда за успехот. Бидејќи вистинското влијание не се гледа само во статистиката, туку во промената што останува долго по завршувањето на обуката. Особено сме горди дека основна инспирација за развивање на Youth Empowered во сите земји на Кока-Кола Хеленик бил Едукативниот центар на Пивара Скопје кој функционира уште од 1997-ма година.
За остварени резултати на полето на деловната едукација и својот општествен придонес, Едукативниот центар на Пивара Скопје има добиено повеќе признанија меѓу кои и „Националната награда за општествено одговорни практики“ во категоријата „Вложување во заедницата“. Центарот е член на Европскиот совет за деловна едукација со седиште во Женева, Швајцарија.

Пивара Скопје е поддржувач на Плазма спортските игри за млади и Кока-Кола купот во фудбал во рамките на игрите. Дали спортот е можеби првата школа за лидерство, тимска работа и упорност?
-На наше огромно задоволство оваа година почнавме со Спортските игри за млади и во РСМ. Игрите се веќе долги години присутни во регионот, а од оваа пролет почнаа и кај нас. Спортските игри за млади се најголемата спортско-аматерска манифестација во Европа, која веќе три децении ги вклучува децата и младите во бесплатни спортски активности. И се под закрила на ИОК, ЕУ, УЕФА, ФИФА, ФИДЕ, ФИБА. Игрите имаат истакнати спортски имиња во улога на амбасадори кои придонесуваат за развиток и промоција на игрите. Тука би ги споменала, Чеферин, Предраг Мијатовиќ, Лука Модриќ, Един Џеко, Славен Билиќ, Даријо Срна, Луис Фиго, Шиме Врсаљко и други… Иако се аматерски натпреварувања, сите активности во игрите се според највисоките стандарди на професионални натпревари, вклучувајќи стандардни терени, професионални судии и делегати. Игрите се вистинска можност децата и младите да се учат на толеранција, хуманост, почит кон различностите, спречување на насилство и развивање на емпатија под закрилата на спортот, низ фер игра и пријателска конкуренција. Тие се прилика учесниците да научат дека тимот е пред поединецот, бидејќи само на тој начин може да се постигне успех и дека со упорност, посветеност и истрајност се постигнуваат резултати. Минатата недела заврши првата сезона кај нас во која учество земаа околку 26.000 деца, а победниците од сите спортови ќе одат на меѓународно финале во Сплит, Хрватска во август. Успешно заврши првата сезона, ние сме горди сме дека сме дел од оваа приказна и остануваме во неа, бидејќи веруваме во младите, во спортот и се она на што тој ги учи.
Од сите проекти што Пивара Скопје ги реализира за младите, кој најсилно покажува дека општествената одговорност не е само стратегија, туку долгорочна инвестиција во иднината?
-Не може да се издвои само еден проект. Најсилната порака е во континуитетот. Со години системски инвестираме во младите преку различни програми и иницијативи, бидејќи веруваме дека вистинското влијание не се создава со една активност, туку со долгорочна посветеност.
Ако денес еден средношколец или студент ве праша зошто да се приклучи на Youth Empowered Академијата, што би му одговориле во една реченица?
-Затоа што преку Youth Empowered ќе стекнеш вештини, искуство и самодоверба што ќе ти отворат врати пред воопшто да почнеш “да тропаш“ на нив.





