среда, 8 јули 2026

За шест месеци подигнати и транспортирани 82.296 тони комунален отпад

Во периодот од јануари до јули 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 82 296 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и стопанските субјекти на територијата на градот Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Отстранети се и 14.535  кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад  – 2385 кубни метри, е подигнато во општината Центар.

ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека продолжува со одржување на јавната хигиена на скопските булевари и улици преку машинско миење со употреба на автоцистерни, што се реализира во доцните вечерни часови. Секојдневно, во три смени, се спроведува миење и метење на плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија.

Во текот на изминатите шест месеци, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 274 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно  одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини: Општина Чаир – 148 записници, Општина Карпош – 21 записници, Општина Аеродром – 30 записници, Општина Центар – 18 записници, Општина Ѓорче Петров – 16 записници, Општина Гази Баба – 35 записници, Oпштина Кисела Вода – 5 записника и Oпштина Бутел – 1 записник.

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше и низа еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи.

Преку овие активности, вкупно 747 најмлади жители на нашиот град се едуцираа како правилно и совесно да постапуваат со својот отпад и колкаво е значењето на неговата примарна селекција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ