Според „Туто Меркато Веб“, Јувентус веќе преговара со РБ Лајпциг за ангажман на македонскиот репрезентативец. Планот е Елмас прво да пристигне на едногодишна позајмица, а потоа Јувентус да има можност да го откупи неговиот договор за околу 15 милиони евра.
Елмас има договор со германскиот клуб до летото 2028 година, но по трансферот од Наполи не успеа да се наметне во Лајпциг, по што следуваа позајмици назад во Италија во Торино и назад во Наполи.
Јувентус бара фудбалер кој може да покрие повеќе позиции во средниот ред и нападот, а токму тоа е една од најголемите предности на македонскиот репрезентативец.
Покрај „старата дама“, интерес за Елмас покажа и Астон Вила.





