среда, 8 јули 2026

Андоновски потпиша меморандум за соработка со инвестициска групација од Обединетите Арапски Емирати

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, потпиша Меморандум за разбирање со инвестициската групација „Емиратс инвестмент груп“, со цел воспоставување рамка за соработка за меѓународно позиционирање на предложената иницијатива за Дигитален иновациски хаб.

Објавено на

часот

Сподели

Од страна на инвестициската групација, Меморандумот го потпиша претседателот на Бордот, Хамад Ал Шамси.

Како што соопшти Министерството за дигитална трансформација, целта на Меморандумот е да се воспостави соработка во подготовката на стратешки и инвестициски презентациски материјали, обезбедување советодавна поддршка, усогласување со најдобрите практики од Обединетите Арапски Емирати и меѓународните стандарди, како и поддршка во процесот на привлекување меѓународни инвеститори, стратешки партнери и технолошки оператори.

Од Министерството наведуваат дека преку ваквите активности продолжуваат да работат на отворање нови можности за поголема меѓународна видливост на Македонија во областа на дигиталните инвестиции, иновациите и напредните технологии.

Според Министерството, соработката претставува значаен чекор кон зајакнување на дигиталниот екосистем, создавање услови за нови партнерства и поддршка на иницијативи што можат да придонесат за економски развој и подобро позиционирање на државата во глобалните технолошки текови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ