Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 7 јули 2026 година, во 12:25 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на улицата „Седек Костоски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 19-годишниот М.Н. од Гостивар, и велосипед, управуван од 68-годишниот Б.И. од Гостивар.
Во несреќата Б.И. се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Тетово.





