Како што се наведува во соопштението на МВР, кривична пријава е поднесена против две малолетнички за кривичното дело „насилство“, предвидено и казниво согласно член 386 од Кривичниот законик.
Против еден малолетник е поднесена кривична пријава за кривичните дела „поттикнување“, согласно член 23 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, како и за „неовластено снимање“, согласно член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик.
Дополнително, против уште еден малолетник е поднесена кривична пријава за кривичното дело „неовластено снимање“, предвидено и казниво согласно член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик.
„Против родителите И.В., М.В., М.П., И.А. и И.А. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, предвидено и казниво по член 201 од Кривичниот законик“, се наведува во соопштението на МВР.





