Норвешка важеше за голем фаворит пред овој дуел, а тоа го оправдаа и на теренот.
Норвежаните водеа речиси во текот на целиот меч, Македонија изедначи само неколкупати во воведниот дел од натпреварот.
На полувремето Норвешка имаше предност од 18-14, позитивата без големи проблеми ја одржуваа во второто полувреме за на крајот да слават со конечни 36-31 за Норвешка.
Следниот меч македонските ракометари го играат утре против Хрватска со почеток од 13:30 часот. Во последното коло ќе играме против Данска, тој меч е на 11 јули.





