среда, 8 јули 2026

ЈП „Лајка“ почнува кампања за удомување на кучињата кои со години чекаат дом

ЈП „Лајка“ почнува кампања за удомување на кучињата кои со години чекаат дом – соопштуваат од претпријатието.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамките на кампањата, со наслов „Толку долго чекаат што речиси сите ги знаат по име. Освен нивните семејства“, реализирана е фотосесија на кучињата кои со години остануваат незабележани, иако, како што наведуваат, станува збор за здрави миленици, социјализирани и подготвени за удомување.

„Во наредниот период јавноста ќе има можност да се запознае со секое од нив преку серија објави, во кои, покрај фотографии, ќе бидат раскажани и нивните животни приказни – колку долго чекаат, каков карактер имаат, што сакаат, што научиле и зошто сè уште немаат свој дом“, соопштуваат од „Лајка“.

Од таму дополнуваат дека кучињата, кои се дел од кампањата, со години се под грижа на ЈП „Лајка“.

„Тие се хумано третирани, социјализирани и секојдневно работат со вработените и волонтерите. Многу од нив учествуваа во многубројни прошетки и активности, каде што покажаа дека се одлични придружници и подготвени за живот во семејство “, дополнуваат од таму.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ