среда, 8 јули 2026

Уапсени тројца по напад врз 19-годишник во Тетово

Тројца млади лица се лишени од слобода по напад врз 19-годишник што се случил на улицата „Илинденска“ во Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 7 јули 2026 година во СВР Тетово, 19-годишниот С.А. од селото Долно Палчиште пријавил дека околу 18:15 часот, додека се движел со свои другари, бил физички нападнат, а напаѓачите употребиле и тврд предмет.

По пријавата, полицијата веднаш презела соодветни мерки и активности, при што од слобода биле лишени 18-годишниот Е.И. и двајца 16-годишници, сите од Тетово. Кај нив биле пронајдени и одземени тврди предмети, како и остар предмет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ