среда, 8 јули 2026

Даниел Аврамовски потпиша со нов турски клуб

Македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски и следната сезона ќе игра во Турција, откако постигна договор со Мугласпор, клуб кој неодамна обезбеди пласман во Втората лига.

Објавено на

часот

Сподели

Новиот клуб на Аврамовски минатата сезона се натпреваруваше во третиот ранг на турскиот фудбал, а преку баражот избори промоција. По обезбедениот пласман меѓу второлигашите, раководството започна со засилувањата, а едно од првите имиња е токму македонскиот офанзивен играч за врска.

Аврамовски доаѓа од Сиваспор, каде минатата сезона настапи на 28 натпревари. Македонецот постигна пет погодоци и запиша една асистенција, оставајќи солиден впечаток во второлигашката конкуренција.

За 29-годишниот фудбалер ова ќе биде четврта последователна сезона во турскиот фудбал. Претходно, покрај Сиваспор, го носеше и дресот на Кајзериспор, а во кариерата настапуваше и за Работнички, Македонија Ѓорче Петров, Црвена звезда, ОФК Београд, Олимпија, Војводина, Вардар, Сараево, Болуспор и Игдир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ