Македонски концепт: Ако нема гаранции за членството во ЕУ, тогаш нема ни за Преспанскиот договор
Длабоко ја уважуваме изјавата на европската комесарка Марта Кос дека „нема гаранции“ за членството на Македонија во Европската Унија, што претставува исклучително важна политичка констатација, која заслужува сериозна јавна и институционална дебата. Доколку навистина не постојат гаранции дека исполнувањето на преземените обврски ќе доведе до членство во Европската Унија, тогаш логично се наметнува заклучокот дека и Преспанскиот договор бил прифатен без реална гаранција за европската перспектива на државата, се вели во реакцијата на Македонски концепт, партија дел од владеачката коалиција Твоја Македонија.
Објавено на
часот





