четврток, 9 јули 2026

Истакнати членови на Влен задржани на албанската граница, партијата бара објаснување

Тројца функционери на Влен, координаторот на пратеничката група Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата Хасим Муртезани, вчера на на граничниот премин Ќафасан од албанските полициски органи биле задржани околу еден час без никакво официјално објаснување, иако сите тројца имаат дипломатски пасоши. Според информациите што неофицијално ги соопшти граничната полиција, против нив постои забрана за влез. Сепак, не им е соопштена никаква одлука, документ или оправдување, се вели во соопштението на партијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Од властите на Република Албанија бараме да ја информираат јавноста дали навистина постои таква мерка. Доколку е така, кој ја донел оваа одлука, на која законска основа се темели и кои се конкретните причини за таквата акција против избраните функционери и институционалните претставници.

Меѓуалбанските односи треба да се градат врз транспарентност, институционално почитување и јасна комуникација, а не врз необјаснети забрани и процедури што оставаат простор за сомневање“, се вели во реакцијата на Влен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ