среда, 8 јули 2026

Maкедонски турист од Занзибар се вратил со маларија

На Клиниката за инфективни болести е потврден случај на маларија кај пациент кој неодамна престојувал во Занзибар. По пријавување во клиниката, пациентот бил хоспитализиран и му била потврдена дијагнозата.

Објавено на

часот

Сподели

„Поради тоа што престојувал во Занзибар, откако добил висока температури и треска, се јавил на Инфективната клиника. По прегледот и испитувањата од дежурниот лекар потврдена е маларија. Пациентот моментално е стабилен. Нормално дека има епизоди на треска, но доброто е што навреме се јавил и очекуваме текот на лекувањето да биде успешен“, изјави директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана.

Лекарите предупредуваат дека маларијата може да предизвика сериозни компликации доколку не се открие и лекува навреме. Затоа, апелираат до граѓаните кои патуваат, особено во тропски подрачја, да внимаваат на својата здравствена состојба и веднаш да се јават кај лекар ако почувствуваат симптоми.

„Имајќи предвид дека сега е летна сезона и тоа се вообичаени болести. При секоја појава на температура, треска, општа омалаксаност… граѓаните веднаш треба да се јават на лекар за да се провери дали е поврзано со престојот или е можеби друго заболување и навреме да се дијагностицира. За сите овие заболувања, навреме ако се оди на лекар, исходот би требало да е позитивен“, порача Цана.

Двајцата пациенти кај кои претходно беше потврдена западно-нилска треска сè уште се лекуваат на Клиниката за инфективни болести. И двајцата се во добра здравствена состојба и се очекува наскоро да бидат пуштени на домашно лекување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ