Д-р Денко Скаловски е роден во 1956 година во Скопје. Студирал театарска режија во Белград, а потоа филозофија на Филозофскиот факултет во Белград.
Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје во 1981 година. Магистрирал во 1992 година со трудот „Етиката на одговорноста кај Ханс Јонас“, а докторирал во 2000 година со дисертацијата „Антиподи на современата филозофија на музиката“.
Во академската кариера бил избран за доцент во 2000 година, а за редовен професор во 2010 година. Во 2010 и 2015 година престојувал на постдокторски студии на Универзитетот „Јохан Волфганг Гете“ во Франкфурт на Мајна, под супервизија на професорот Аксел Хонет.
Неговите научни и истражувачки интереси опфаќаа филозофија, филозофија на родот, филозофија на културата, филозофија на уметноста (естетика), историја на родот и полот и социологија на спортот.
Телото ќе биде изложено утре во капелата во Ѓорче Петров од 12 до 13 часот, а погребот ќе се одржи во 13 часот.
„Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, колегите, пријателите, студентите и сите што имаа чест да соработуваат со него. Нека почива во мир“, се вели во соопштението на Филозофскиот факултет.





