Токму затоа, Германецот е најдобриот соговорник на темата поврзана со „финалето пред финалето“ – полуфиналната пресметка меѓу Ѓоковиќ и бранителот на трофејот, Јаник Синер.
„Новак на овој турнир ја има најголемата шанса за освојување на својата 25. грен слем титула и тој е комплетно свесен за тоа. Него е најтешко да го совладате токму на трева, а не треба да се заборави ниту дека веќе го победи Јаник во полуфиналето во Мелбурн. Ноле на грен слем турнирите секогаш е најтешката можна пречка“, истакнува Бекер за „Газета дело спорт“.
Иако со сигурност навива за својот поранешен ученик и пријател, Германецот е свесен дека ова полуфинале е целосно отворено и неизвесно.
„Синер ќе мора да одигра многу подобро отколку досега. Исклучително важно е да се доведете во ситуација врвот на формата да го достигнете во самата завршница од турнирот, а мислам дека тој успеа во тоа. Постои една стара поговорка: грен слемот се губи во првата недела, а се освојува во втората. Синер го избегна првото сценарио и сега се наоѓа во одлична позиција за второто“, додава Бекер.
Тој потсетува дека италијанскиот тенисер го имаше најтешкиот натпревар токму против еден друг српски играч. Миомир Кецмановиќ во првото коло водеше со 2-1 во сетови, по што Синер успеа да направи целосен пресврт и да слави во пет сета.
Покрај тоа, Бекер ја пофали и најголемата промена во играта на италијанскиот шампион:
„На Јаник во минатото сервисот му беше најслаба точка, но неговите тренери Дарен Кејхил и Симоне Вањоци завршија фантастична работа. Сега тоа е неговото најсилно оружје на трева. Сервира многу асови и со тоа освојува лесни поени“, заврши Бекер.





