сабота, 11 јули 2026

БРТ конечно тргнува: Ѓорѓиевски и ЕБОР ги финализираа последните подготовки

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска оствари работна средба со тимот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Македонија, предводен од директорот Фатих Туркменоглу, на која беа направени финалните координации за следните чекори во реализацијата и оптимализацијата на проектот Брз автобуски превоз (БРТ). Со финализирањето на овие координации, проектот Брз автобуски превоз влегува во фаза на реализација, претставувајќи значаен чекор кон поефикасен, поодржлив и поквалитетен јавен транспорт за Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Град Скопје, на средбата била потврдена заедничката определба за успешно спроведување на проектот, кој претставува една од најзначајните инвестиции во модернизацијата на јавниот превоз во Скопје. По преземањето на мандатот, преку интензивна координација со Владата на Република Македонија, Министерството за транспорт, Министерството за финансии, ЕБОР и останатите надлежни институции, беа надминати долгогодишните пречки што го блокираа проектот и беа создадени услови за негова реализација.

 

БРТ ќе обезбеди побрз, побезбеден, посигурен и поеколошки јавен превоз, ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж, подобрување на квалитетот на воздухот и поквалитетно секојдневие за граѓаните.

„Воедно, беше нагласено дека проектот нема да се реализира на сметка на постојното булеварско зеленило. Напротив, предвидени се нови зелени површини и дополнително хортикултурно уредување, со што ќе се обезбеди помодерен, позелен и похуман урбан простор“, посочуваат од Град Скопје.

Проектот БРТ е дел од пошироката стратегија за модернизација на јавниот транспорт во Скопје. Паралелно се работи на воведување градски воз во соработка со Министерството за транспорт, набавка на 100 нови автобуси преку Владата и оптимализација на автобуската мрежа, со цел создавање интегриран, функционален и современ систем на урбана мобилност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ