сабота, 11 јули 2026

Николоски од Охрид: Градиме бројни капитални проекти

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, изврши увид во повеќе капитални проекти што се реализираат во Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Како што објави Николоски на својот фејсбук-профил, тие ја посетиле улицата „Кленоец“, која целосно се реконструира со поддршка на Министерството за транспорт. Во рамки на проектот е извршена реконструкција на атмосферската и фекалната канализација, како и асфалтирање на улицата, која претставува една од главните сообраќајни артерии во овој дел од градот.

Делегацијата го посетила и новиот објект на основното училиште „Кочо Рацин“ и Младинскиот центар во негов состав, за кои Николоски оцени дека имаат големо значење за младите и жителите на овој дел од Охрид.
Заедно со министерката за образование и наука, Весна Јаневска, бил извршен и увид во активностите во охридската гимназија.
„Многу проекти и многу инвестиции во Охрид“, порача Николоски во својата објава.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ