„Првото кривично дело го сторил на 12.06.2026 на кеј Димитар Влахов, каде заедно со уште две други лица физички нападнале 38 годишен маж и му одзеле велосипед и паричник со пари и документи. Второто кривично дело го извршил на 10.07.2026 на бул. Кочо Рацин каде со употреба на физичка сила и закана со остар предмет од 45 годишна жена одзел паричник со пари и документи “, се посочува во соопштението од МВР.
Од страна на Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје до ОЈО Скопје по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.





