Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Љ.Ј., констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, додека кај Г.П. и сопатничката С.П.(57) од Охрид, биле констатирани телесни повреди.
По преземени мерки, кај Љ.Ј. е констатирано дека имал 1,80 промили алкохол во крвта и по наредба на јавен обвинител, неговото возило е одземено.
Увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот, против Љ.Ј. ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти СВР Охрид.





