петок, 10 јули 2026

Приведен неготинец, ѝ се заканувал на мајка си, а нападнал и полицајци

Син ѝ се заканувал на мајка си во филијала на банка во Неготино и нападнал полициски службеници, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 13 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода И.П., 35-годишник од село во неготинско. Според пријавеното, тој во филијала на банка во Неготино ѝ се заканувал на неговата 66-годишна мајка. Исто така, тој физички нападнал полициски службеници, кои вршеле службени дејствија“, појаснија од СВР – Велес.

Синот бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, по што И.П. бил спроведен во здравствена установа.

По документирање на случајот, како што додадоа од СВР – Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ