Одговорот го дадоа студентите кои беа дел од IutePay студентскиот иновациски предизвик– иницијатива на Иуте Македонија која ги поврза академската заедница и индустријата, овозможувајќи им на студентите да работат на реален бизнис предизвик и да креираат визија за иднината на финансиските технологии.
Ова се победниците кои развија најкреативни и најиновативни концепти за лансирање на Iute Pay – новиот дигитален паричник, кој е дел од визијата на Иутe за современо, едноставно и сосема поразлично искуство.
🥇 ГенВоЗен – Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), УКИМ
🥈 УМО – Brainster Next College
🥉 TripleFun – Економски факултет, УКИМ
Од идеја до иновација
Преку истражување, развој на идеи, презентации и јавно гласање, студентските тимови покажаа дека иновациите не се ограничени само на големите компании и развојни центри – тие можат да започнат и во студентските клупи.
Специјално креираната платформа за гласање за предизвикот беше посетена повеќе од 50.000 пати, што ја потврди големата заинтересираност и поддршка од заедницата.

Повеќе од натпревар – платформа за младите креатори
„ IutePay студентскиот иновациски предизвик не беше само избор на победничка идеја. Нашата цел беше да создадеме простор каде младите ќе можат да размислуваат поинаку, да експериментираат и да понудат решенија за реални предизвици.Не наградивме само три тима, туку прославивме генерација млади луѓе кои имаат храброст да создаваат, да иновираат и да ја обликуваат иднината“, посочија од Иуте.
Иуте – технологија, иновации и луѓе
Како компанија, Иуте континуирано инвестира во дигитализација, технологија и создавање нови напредни и целосно дигитални решенија.

Со IutePay, компанијата ја продолжува својата визија за дигитален финансиски еко-систем кој ги прави финансиските услуги поедноставни и поблиски до корисниците.
Но, иднината не ја создава само технологијата. Ја создаваат луѓето зад неа.
Токму затоа ова е само почеток на долгорочна иницијатива која ќе продолжи да ги поддржува младите идеи, иновации и таленти.
Горди сме што создадовме простор каде младите можат да ги претворат своите идеи во реални решенија и да бидат дел од дигиталната трансформација на финансиските услуги.
Комерцијален текст





