Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 8 јули 2026 година околу 1:20 часот во полициското одделение Групчин.
Сопственикот на угостителскиот објект, Д.Ф. (51) од селото Добарце, пријавил дека од патничко возило „цитроен“, кое било во движење, била фрлена рачна бомба кон ресторанот, лоциран покрај локалниот пат во селото.
Повредените веднаш биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде што им била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово, при што, покрај трагите од експлозијата, биле пронајдени и чаури од пиштол.
За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, а полицијата презема интензивни мерки и активности за идентификување и пронаоѓање на сторителот, како и за целосно расчистување на случајот.





