По дополнително преземени активности, возилото било запрено, при што полициските службеници го забележале сопатникот С.П. од Охрид како проголтува паковка со наркотична материја. Набргу потоа му се влошила здравствената состојба.
На местото била повикана Итната медицинска помош, која го пренела С.П. во Општата болница во Охрид. И покрај преземените медицински мерки, тој починал.
По наредба на јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција во Општата болница во Битола.
По насоки на јавен обвинител, се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.





