четврток, 9 јули 2026

Малолетник се здобил со тешки повреди возејќи тротинет во Гостивар

Малолетник се здобил со повреди откако возејќи електричен тротинет се судрил со патнички автомобил во Гостивар. Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека незгодата се случила вчера околу 19 часот.

Објавено на

часот

Сподели

„На 08.07.2026 во 19:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата од ул. Живко Брајкоски со ул. Ристо Оџаклиески во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило пежо со гостиварски регистерски ознаки, управувано од А.Т.(58) од Гостивар и електричен тротинет, управуван од 15-годишен малолетник од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар“, информира МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ