четврток, 9 јули 2026

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип се затруеле од храна

Центарот за јавно здравје-Штип вчера добило пријава за труење од храна за шест лица, кои се вработени во фабрика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ)-Штип.

Објавено на

часот

Сподели

Во писменото соопштение се наведува дека по пристигнување на пријавите, одделението по епидемиологија во Центарот за јавно здравје-Штип веднаш постапило согласно националниот протокол во случај на појава на алиментарни инфекции и интоксикации. Епидемиолозите веднаш излегле на терен и извршиле увид во објектот, кој е оператор за храна во правното лице во ТИРЗ –Штип.

„Извршен е едукативен разговор со одговорните лица и персоналот во однос на начинот на прием на храната, подготовка, чување и складирање на храната. Дадени се предлог мерки и препораки. Назначено е генерално механичко чистење, извршена е вонредна дезинфекција, дезинсекција, дератизација на објектот, направени се вонредни санитарни прегледи на вработените. Земени се мостри од инкриминираната храна за микробиолошка анализа и брисеви од работните површини од кујната“, соопштија од Центарот за јавно здравје-Штип.

Во соопштението се наведува и дека одделението по епидемиологија од ЈЗУ ЦЈЗ Штип будно ќе ја следи состојбата во наредниот период и ќе ја информира јавноста и при евентуална појава на нови случаи ќе преземат дополнителни мерки согласно законската регулатива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ