четврток, 9 јули 2026

Талески се врати во македонскиот ракомет, потпиша за Охрид

Македонскиот репрезентативец, Филип Талески, стави потпис на договор со ракометниот клуб Охрид, тој е претставен како осмо засилување за освојувачот на Европскиот ЕХФ куп.

Објавено на

часот

Сподели

Талески во Охрид пристигнува од Татабања, а надвор од Македонија играше и за Рајн Некар, Балинген и Бенфика. Пред да замине во Унгарија, настапуваше за Вардар.

Левиот бек сега повторно ќе игра во македонското првенство, стави потпис на едногодишен договор со Охрид со можност за продолжување за уште една сезона.

Талески ќе го носи дресот со бројот 28.

Тој вели дека е среќен што ќе игра за Охрид и е мотивиран за новата сезона.

„Потписот за ГРК Охрид за мене претставува нов, голем предизвик и исклучително мотивирачки проект. Клубот покажа огромна желба, сериозна визија и амбиција кои целосно се поклопуваат со моите лични и спортски цели. Среќен сум што ќе го носам дресот на Охрид, клуб кој незапирливо расте и има фантастична публика. Охрид заслужува големи ракометни успеси, а јас сум тука да го дадам својот максимум на секој натпревар за да ги оствариме зацртаните цели на клубот како во домашното првенство, така и на меѓународна сцена”, изјави Филип Талески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ