Заедно со градоначалникот изврши увид во реконструкција на улицата Маршал Тито, инвестиција од 81 милион денари поддршка од Владата.
„Овој проект ќе му даде целосно нов лик на овој дел од градот, Ќе ја врати автентичноста, но исто така има и доста модерни елементи. Тоа што целокупната инсталација се решава и оди подземно и тоа што ќе има едно прекрасно осветление, кое навечер ќе му даде целосно нов дух на овој дел од градот, мислам дека целосно ќе го смени ликот. Toa ќе значи голема шанса и за околните жители нивните имоти да добијат вредност, а зошто тука да не да се отворат и угостителски објекти, во кои ќе може да доаѓаат и гости од државата, но и гости од странство, кои често знаат да ја посетат Гевгелија. Kако Влада и како Министерство за транспорт дадовме поддршка во реализација на овој проект во вкупна вредност од 81 милион денари“, истакна Николоски.
Тој најави и нов проект за општина Гевгелија.
„Со градоначалникот пред некој ден разговаравме и за нов влез на градот, кој ќе го преземеме како обврска, т.е. Министерството за транспорт, еве можам и официјално да го најавам, така што ќе работиме заеднички за еден нов влез на градот“, рече заменик-претседателот на Владата.
Николоски истакна дека досега Владата преку Министерството за транспорт во општина Гевгелија инвестира 165 милиони денари во инфраструктурата.
„Покрај оваа улица, каде што сме во моментот, завршена е и изградбата на улицата Новопланирана во вредност од 2,4 милиони денари, како и изградба на парк со детско игралиште на улицата Деко Ковачев во вредност од 7,1 милиони денари. Завршени се и реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од булеварот Гевгелија и на натпатникот на улицата Железничка, во првиот повик, во вредност од 17,7 милиони денари. Преку средства од Министерството за транспорт завршивме и реконструиравме улици во селото Моин, во селото Прдејци и во селото Богородица и завршен е западниот булевар фаза 3 со средства обезбедени од Министерството за транспорт, со поддршка на Светската банка, во вредност од 30,8 милиони денари “додаде Николоски.





