Во акцијата учествуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, командирот на Полициската станица Карпош, Стефан Тасевски, началникот на Одделението за криминалистички работи Давор Дракуловски, инспектори за малолетничка деликвенција, униформирани полициски службеници и родители на малолетни деца.
„Патролата имаше превентивен и советодавен карактер и се спроведуваше на повеќе локации во општината каде што во вечерните часови најчесто се собираат младите, како што се паркови, спортски игралишта и угостителски објекти. Во рамки на партолата беа остварени непосредни разговори со младите, при што им беа упатени препораки за совесно и одговорно однесување во јавниот простор, чување на урбаната опрема и почитување на јавниот мир. Посебен акцент беше ставен на советите за превенција од меѓуврсничко насилство и злоупотреба на алкохол и други ризични однесувања“, се наведува во соопштението од Општина Карпош.

Акцијата „Соседски патроли“ е активност која е дел од редовните превентивни активностите на Полициската станица Карпош и се спроведува во заедничка соработка со Општина Карпош, со цел јакнење на партнерството помеѓи институциите, родителите и локалната заедница.
Општина Карпош останува посветена на креирање безбедна средина за сите граѓани преку активности и соработка со сите надлежни институции






