четврток, 9 јули 2026

Собранието не го прифати предлогот да се востановат две нови државни награди, „Блаже Конески“ и „Ремзи Месини“

Предлогот да се востановат две нови државни награди – „Блаже Конески“ и „Ремзи Месини“ не ја доби потребната поддршка на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Објавено на

часот

Сподели

Предлогот беше поднесен од страна на опозицијата, но немаше доволно гласови за да помине во понатамошно читање.

Со предлогот се бараше востановување на двете награди поради значењето на двајцата културни дејци. Наградата „Блаже Конески“, според предлогот, требаше да се доделува на 19 декември, а наградата „Ремзи Месини“ во втората половина на декември. Вкупниот награден фонд за двете награди требаше да изнесува околу 830 илјади денари.

Бисера Костадиновска-Стојчевска, која го образложи предлогот, рече дека поради тоа што предлогот има финансиски импликации како пратеничка група имаат поднесено амандман на ребалансот со кој се бара да се одвојат средства за оваа намера за наградите да се доделат до крајот на годинава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ