„Електрек“ известува дека покрај тоа што ги заменуваат косилките за трева, овците се дел од поголем истражувачки проект за проучување на агроволтаиците, каде што земјоделството и енергијата се произведуваат на ист простор во симбиотска врска.
Универзитетот за биолошки науки во Познањ се занимава со проучување на стадата, истражувајќи како пасењето влијае врз благосостојбата на животните, биодиверзитетот, квалитетот на почвата, вегетацијата и микроклимата на локацијата.
„Фотоволтаичната фарма обезбедува многу повеќе од зелена електрична енергија. Таа, исто така, стана место кое ја поддржува биолошката разновидност, локалното земјоделство и научните истражувања“, рече Марзена Пилич-Гронска, директорка на Фолксваген Познањ.
Агроволтаиците станаа интересна тема за енергетската индустрија, овозможувајќи хибридно користење на земјиштето. Досега се направени експерименти со култури одгледувани под соларни панели, но воведувањето на добиток изгледа и паметно и симпатично.





