четврток, 9 јули 2026

Фрлена рачна бомба кон угостителски објект во Добарце, две лица повредени

Вчера во 01:20 часот во Полициското одделение Групчин, Д.Ф.(51) од село Добарце, тетовско, пријавил дека од патничко возило „цитроен“ во движење била фрлена рачна бомба кон неговиот угостителски објект, лоциран покрај локалниот пат во селото.

Објавено на

часот

Сподели

Од експлозијата била предизвикана материјална штета, а со повреди се здобиле Е.А.(57) од село Чифлик, тетовско, и Г.Ф.(60) од село Добарце, кои во тој момент се наоѓале во кругот на ресторанот.

Повредените биле пренесени во Клиничката болница во Тетово за укажување лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово, при што биле пронајдени чаури од пиштол.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ