„Во политиката има и такви, коишто се навикнати на гледање сеир, наместо да ги засукаат ракавите и да направат нешто за граѓаните. Но, тие ќе останат секогаш на маргините на политичката сцена и ќе бидат дел од естрадата, а ние коишто сме ги засукале ракавите и сме влегле во решавање на проблемите, ќе продолжиме и понатаму да работиме и однапред се извинувам ако во тој процес на работа ќе се создаде и некоја грешка, ќе се направи некоја грешка, не била намерна. Ќе се потрудиме да такви грешки има се помалку, а тие коишто ќе се случат да ги поправаме.
Честитам на градоначалникот, на Општината, благодарност и до советниците, коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Битола, на пратениците коишто доаѓаат од Битола, коишто се борат за проект повеќе да биде реализиран и инвестиран овде во Битола, на министерката, на колегите од Владата, кои имаат една цел, а тоа е како да забрзаме и како да ја направиме Македонија подобро место за живеење.
Јас од името на Владата, како претседател на Владата, можам да кажам дека Битола е еден од нашите главни приоритети и ќе остане да биде еден од нашите главни приоритети.
Дел од проектите ги споменаа претходните говорници, но тука пред сè сакам да го споменам автопатот којшто забрзано се гради, којшто треба да ги поврзе Битола со Прилеп. Но, и исто така, сериозно се размислува и очекувам многу скоро да почнеме и со реализација на уште едно решение, а тоа е експресно поврзување на Битола со граничниот премин Меџитлија со што драматично ќе се забрза движењето и ќе се растерети градот од гужвите коишто се случуваат.
Така што, уште еднаш, благодарам на сите коишто испорачуваат проекти и повторно ќе кажам однапред се извинувам за некоја грешка, којашто е направена, не била намерна, а ќе се трудиме во иднина такви грешки да има сè помалку. Не греши само оној којшто ништо не работи“, изјави Мицкоски.
Мицкоски: Продолжуваме да испорачуваме проекти – Битола е меѓу главните приоритети на Владата
Продолжуваме и понатаму да бидеме посветени на испорачување на проекти, тоа коешто е за нас еден од врвните приоритети. За жал, изминативе децении направени се многу пропусти и за жал ги немаме сите ресурси на светот за да можеме сите тие пропусти да ги санираме. Но, се трудиме да работиме по приоритети еден по еден да ги решаваме, а притоа да не создаваме нови проблеми. Што се вели, да работиме, да го оставиме срцето на терен. Кој работи понекогаш и греши. Јас сакам однапред да се извинам за понекоја грешка којашто ќе се направи во текот на работењето. Не греши само оној којшто ништо не работи, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски за време на денешниот престој во Битола, каде што изврши увид во изградбата на основно училиште.
Објавено на
часот





