четврток, 9 јули 2026

Еден од групата на членовите на Влен имал проблем за влез во Албанија

Генералниот директор на албанската државна полиција, Скендер Хита, изјави дека граничната полиција „постапила во согласност со законот во случајот пријавен вчера на граничниот премин Ќафасан, каде на едно лице не му било дозволено да влезе на албанска територија поради законски пречки“. На прес-конференција, на прашањето за случајот со двајцата пратеници и еден функционер на Влен на граничниот премин Ќафасан, објасни дека на граничниот премин се појавиле четворица граѓани, од кои тројца имале дипломатски пасоши.

Објавено на

часот

Сподели

„Три лица со дипломатски пасоши беа информирани дека може да го продолжат своето патување. Едно лице, кое беше во нивно друштво, имаше законски пречки на границата и не можеше да патува во Албанија“, рече тој.

Хита рече дека другите тројца граѓани одлучиле да не го продолжат своето патување и сите се вратиле во Македонија.

Според првиот човек на државната полиција, случајот не е изолиран, туку е дел од секојдневната работа на структурите на граничната полиција за гарантирање на спроведувањето на законот.

„Во текот на 2025 година идентификувани се 625 слични случаи, а само во првата половина од оваа година регистрирани се 425 случаи“, рече тој.

Хита нагласи дека државната и граничната полиција остануваат гаранти на спроведувањето на законот и дека нема простор за загриженост во врска со извршувањето на нивните должности на граничните премини

Демеска претседателот на Собранието Африм Гаши изрази загриженост во врска со информациите за постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан и очекува целосно и транспаретно разјаснување и утврдување на околностите за случајот од властите во Албанија.

„Како претседател на Собранието, изразувам загриженост во врска со информациите за постапувањето кон пратениците на Собранието на Република Северна Македонија на граничниот премин Ќафасан. Пратениците се избрани претставници на граѓаните и носители на уставен мандат. Поради тоа, секое постапување што го засега нивниот авторитет и нивната функција треба да биде во согласност со највисоките стандарди на почит и достоинство што им припаѓаат на избраните претставници на народот.  Имајќи ги предвид традиционално добрососедските, а пред сѐ братските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, верувам и очекувам целосно и транспарентно разјаснување, кое ќе придонесе не само за целосно утврдување на околностите на овој случај, туку и за зачувување на меѓусебната доверба, институционалната почит и духот на соработка што треба да ги карактеризира нашите односи“, напиша Гаши на Фејсбук.

Kоординаторот на пратеничката група на Влен Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, вчера биле задржани од албанските власти на граничниот премин Ќафасан и не им бил дозволен влез во Албанија иако имале дипломатски пасоши.

Од Влен денеска информираа дека тројцата партиски функционери биле задржани еден час без никакво официјално објаснување. Според информациите што неофицијално ги соопштила граничната полиција, против нив постоела забрана за влез. Сепак, не им е соопштена никаква одлука, документ или оправдување.

Затоа од Влен барааат властите на Република Албанија да ја информираат јавноста дали навистина постои таква мерка.

„Доколку е така, кој ја донел оваа одлука, врз која законска основа се темели и кои се конкретните причини за таквата акција против избраните функционери и институционалните претставници. Меѓуалбанските односи треба да се градат врз транспарентност, институционално почитување и јасна комуникација, а не врз необјаснети забрани и процедури што оставаат простор за сомневање“, реагираа од Влен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ