Тренерот Иван Чупиќ ќе има на располагање седум нови ракометари кои треба да го засилат тимот на сите позиции. Нови имиња во составот се голманот Бомаштар, кој пристигна од Шартр, Матео Фадуил од Трембле, левото крило Милан Ѓорчески од Пролет, десниот бек Леон Љевар од Слован, младиот Никола Нечовски од Академија Вардар, Мохаб Абделак кој доаѓа од германски Кил и Бобан Поповски.
Најголемиот дел од шампионскиот тим останува на располагање и за новата сезона. Во тимот остануваа Валах, Гогов, Георгиевски, Воркапиќ, Кеита, Тузолана, Педро, Лазаревски, Јанковски, Митровиќ…






