четврток, 9 јули 2026

Мирчевски: Се надевам Чкембари и Битола ќе ми го простат преодот во Вардар

Мартин Мирчевски се врати во Пелистер и беше официјално промовиран повторно во својот матичен клуб.

Објавено на

часот

Сподели

29-годишниот офанзивец, кој е дете на битолскиот клуб, вели дека проектот на Пелистер бил пресуден за неговата одлука да се врати. Исто така Мирчевски упати извинувачка порака до навивачите за неговото време во Вардар.

Како играч, ќе го дадам својот максимум за да му помогнам на клубот повторно да расте и да се развива по вистинскиот пат.

Ми се допадна проектот што ми беше претставен и верувам дека, доколку сите работиме максимално професионално, ФК Пелистер многу брзо ќе се врати таму каде што му е местото. Се надевам дека навивачката група Чкембари, како и целата битолска јавност, ќе ми простат за мојот премин во Вардар. Би сакал да ставиме точка на минатото и сите заедно да се радуваме на секоја победа и на секој успех на Пелистер.

ФК Пелистер е име, презиме и бренд во македонскиот фудбал и е поголем од сите нас. Без разлика на разочарувањата и емоциите од минатото, време е тие да останат зад нас. Нашата заедничка цел е јасна – експресно враќање во Првата македонска фудбалска лига. Само сплотени, како еден тим, можеме да ја оствариме таа цел“, порача новото засилување на Пелистер.

Пелистер следната сезона ќе се натпреварува во ВМФЛ со амбиции експресно да се врати во елитата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ