четврток, 9 јули 2026

Мицкоски пак ја повика опозицијата да се договорат за Изборниот законик

Имавме 10 реформи, коишто требаше да ги завршиме, со грејс период со рок до крајот на јуни. Еве имаме одредено продолжување до средината на јули, меѓу нив е Изборниот законик, изјави претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали опозицијата е пречка за исполнување на последната задача од европските директиви, а тоа е носењето на Изборниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

„Ние цениме дека, вака како што е моментално, начинот на којшто гласа дијаспората, односно иселениците, не соодветствува на вистинскиот капацитет. Односно имаме неможност тие да излезат во доволно голем број да го реализираат своето право. Посебно иселениците во Австралија, Канада и останатите прекуокеански земји, тие треба 10 часа да летаат натаму-наваму за да го остварат своето право.

И ние се обидовме да дадеме предлог којшто беше прифатен заедно со сите други измени кои ги содржат препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Завршено беше сè, потпишан беше законот. Пратеничката група на Левица не сакаше да го потпише, викаа ние се сложуваме со сè, фала што ни дадовте повеќе пари, еве нема проблем ќе си ги потрошиме. Ова сега што го прават нема никаква врска со вистината, ова е сега театар за мал број гласачи кои сè уште им веруваат. Замислете овие луѓе да добијат можност да управуваат со некоја институција, што ќе се случи. И вака, ние не се потпишуваме со вас, знаете ние сме робоспиерови следбеници, не можеме со вас. Е така не може, ако сакате да учествувате, ќе мора да имате и одговорност. И така рековме, не може.
И потоа настапи втората опозициска партија СДСМ, па поднесоа илјадници амандмани, секој си наоѓаше некаква забелешка. Ние дадовме јасен предлог – седнете, договорете се во опозицијата што сакате, како сакате, дајте предлог во којшто ќе е вклучено гласањето на дијаспората и ние бланко го поддржуваме. Сè што сакате, ние бланко ќе ви поддржиме. Само дајте ова да го завршиме до 15-ти јули, за да може десетте чекори да ни бидат успешно завршени, за да можеме да одиме во следна фаза. Еве чекаме уште, неколку дена поминаа, сè уште немаме усогласен став на опозицијата. Кога зборувам, усогласен став на опозицијата, тука мислам на СДСМ, Левица, Демократската унија за интеграција и дел од пратеници коишто не знам сега како функционираат во рамките на Парламентот… пратениците на Зијадин Села, пратениците на Арбен Таравари. Тоа опозицијата.
Од страна на владејачката група на пратеници во Парламентот имаме усогласен став којшто вели кажете што сакате, ставете го на хартија и ние ќе го прифатиме, само да биде содржано гласањето на дијаспората. Една изборна, една изборна. Повеќе пари, повеќе пари. Еве ние ќе намалиме од кај нас, иако сме најголема политичка партија, нека биде за нив, немаме никаков проблем. Сè што мислат дека тие ќе направат, ние ќе го прифатиме. Но за жал еве, до денеска немаме сè уште никаков повратен одговор од страна на опозицијата“, изјави Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ