Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против З.Р. поради сомнение за кривичното дело „предизвикување општа опасност“, односно опасност по животот и телото на присутните.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 22 мај годинава во дворот на семејната куќа на полицискиот службеник.
Освен кривичната пријава, против полицискиот службеник ќе биде поведена и постапка за утврдување дисциплинска одговорност.
Од МВР најавија дека ќе му бидат изречени задолжителни мерки, а до завршување на дисциплинската постапка ќе биде отстранет од работното место.





