четврток, 9 јули 2026

Пожар во фабрика за обувки во Кина однесе 28 животи, уапсени сопственикот и одговорните

Најмалку 28 лица загинаа во пожар што денеска избувна во фабрика за обувки во источната кинеска покраина Фуџијен, јави државната новинска агенција Синхуа.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Кинескиот претседател Си Џинпинг нареди „максимални напори за пребарување и спасување“, повикувајќи на брза истрага за несреќата и строго утврдување на одговорноста.

Пожарот избувнал во фабриката на компанијата „Хуитенг“ во градот Џинџијанг, соопшти градската противпожарна служба. Причината за пожарот засега не е позната.

Во моментот на избувнувањето на пожарот во објектот имало 237 работници и двајца посетители. Властите евакуирале или спасиле 213 лица. Од 28-те загинати, две лица починале по приемот во болница, јави државната телевизија ЦЦТВ.

Според Синхуа, сопственикот на фабриката и други одговорни лица се уапсени, а сметките на компанијата се замрзнати.

Снимките објавени од ЦЦТВ покажуваат повеќекатна зграда со целосно изгорена фасада, обвиена во густ бел чад. На претходните снимки се гледа дека огнот зафатил повеќе катови, додека од објектот се издигал густ црн чад.

Џинџијанг, градот во кој се случи пожарот, е познат како кинеска престолнина на производството на обувки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ