Според информациите од МВР, во несреќата учествувале патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Г.Р. и товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С. (32) од Скопје. Во судирот, возачката на патничкото возило добила со тешки телесни повреди и итно била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. И покрај напорите на лекарите, таа им подлегнала на повредите.





