четврток, 9 јули 2026

Левица ја повика опозицијата на координација, партијата на Села со нова закана за блокада

Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека Левица во понеделник официјално ќе ги покани опозициските партии на средба за Изборниот законик, со цел да се излезе со заеднички предлог за една изборна единица. Наспроти ова, Елми Азири, пратеникот на Албанската лига на Зијадин Села, се закани дека ако не се договорат дијаспората да гласа и на локалните избори, тие ќе го блокираат законот.

Објавено на

часот

Сподели

„Прво и основно, ова е бегање од одговорноста на ВМРО-ДПМНЕ. Нема потреба да се состанува само опозицијата, треба сите. Но, во ред, ако веќе ни ја префрлаат топката, ние го прифаќаме предизвикот, ќе свикаме средба на опозициските партии. Планираме од понеделник официјално и да ги поканиме опозициските партии“, истакна пратеникот Крмов.

Неговиот колега Елми Азири од Албанската лига вели дека за време на неколкумесечните средби меѓу партиите за Изборниот законик, неговата партија  ги имаше своите предлози и за изборните единици, и за моделот на финансирање, како и за многу други прашања. „Но, ние бевме во функција на консензусот. Она од што ние не се откажуваме е можноста за гласање на дијаспората и на локалните избори. Тоа е многу едноставно. Доколку тоа не се овозможи, ние ќе продолжиме да го блокираме законот потпишан од неколку партии“, најави Азири.

– Елми Азири, пратеник на Албанска Лига
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ