„Легендите остануваат во Аеродром!
Обновувањето на соработката со Дамјан и Војдан Стојановски беше еден од главните приоритети на управата во пресрет на новата сезона – задача што успешно ја реализиравме на голема радост на армијата навивачи на гордоста на Аеродром.
За капитенот Дамјан ова ќе биде 14. сезона во сино-белиот дрес, во која ќе атакува на својата 12-та шампионска титула – сите освоени со МЗТ Скопје. Пред Војдан, пак, е шестата сезона во нашиот клуб, откако првпат ни се приклучи на почетокот на 2022 година.
Продолжувањето на соработката со браќата Стојановски е уште една потврда на нашата клупска определба тимот да биде предводен од (нај)квалитетните македонски кошаркари. Претходно, во клубот се врати репрезентативецот Лука Стојановски, а беше ангажиран и талентираниот босански интернационалец, Емир Крајиниќ.
Актуелен договор со МЗТ Скопје имаат уште Андреј Андоноски и Марин Петков, со што полека почнуваме да го пополнуваме ростерот за предизвиците што нѐ очекуваат во домашните натпреварувања, АБА2 лигата и во – ФИБА Еврокупот“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.





