„Поради непристапниот терен и локација на неексплодираното убојно средство во коритото на реката Вардар, интервенцијата беше реализирана во сложени услови. Со логистичка поддршка од Територијалната противпожарна единица – Неготино, којашто обезбеди чамец за пристап до локацијата, а пиротехничарот на ДЗС, Ѓорѓи Стефанов, безбедно ја извлече гранатата, по што таа беше транспортирана и обезбедена до нејзиното конечно уништување на армискиот полигон Криволак“ – информираа од ДЗС.
Оттаму упатија благодарност до ТППЕ – Неготино за професионалната соработка и навремената поддршка.
Се апелира доколку се пронајдат и забележат сомнителни експлозивни средства, да не се допираат и поместуваат, туку веднаш да се пријават на 112 – единствениот повикувачки бесплатен број за итни случаи.





