петок, 10 јули 2026

Само една камера и гласовна команда: Француски стартап претстави модел што управува со роботи (ВИДЕО)

Францускиот стартап за вештачка интелигенција „Мистрал АИ“ го претстави својот прв модел дизајниран за роботи, влегувајќи на брзорастечкиот пазар на роботика и автономни системи.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Самостојно движење

Новиот модел, наречен „Robostral Navigate“ (Робострал навигејт), им овозможува на роботите независно да се движат низ сложени внатрешни и надворешни простори користејќи само една стандардна РГБ камера и гласовни или текстуални инструкции на природен јазик.

При претставувањето, „Мистрал“ објави и видео во кое хуманоиден робот на тркала извршува задачи врз основа на вербални команди.

Системот ги користи податоците од камерата вградена во роботот и инструкциите зададени на природен јазик за самостојно да се движи и да извршува задачи.

Основни команди

Компанијата наведува дека роботот може да извршува сложени команди како што се:

„Напушти го холот, помини низ ходникот, влези во магацинот и застани пред втората полица“, при што самостојно ја планира рутата, избегнува пречки и се прилагодува на околината во реално време.

Според резултатите објавени од „Мистрал“, моделот постигнал успех од 76,6 проценти на меѓународно признатиот тест R2R-CE (Room-to-Room in Continuous Environments) за навигација во простори што не ги „видел“ за време на обуката.

„Мистрал“ верува дека оваа технологија би можела да најде широка примена во производството, логистиката, испораката на стоки, угостителството и други индустрии во кои роботите треба да се движат независно низ динамични средини, според веб-страницата на компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ