петок, 10 јули 2026
Судење „Пулс“

Бранителот на Нацев тврди дека неговиот клиент не е сопственик на агенцијата „Рубикон“

Обвинителството не презентираше никакви докази со кои Александар Нацев е идентификуван како сопственик на агенцијата „Рубикон“, се вели во демантот на адвокат Дејан Стојчев, бранител на д-р Александар Нацев по вчера објавениот извештај за судењето за пожарот во каберето „Пулс“ во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

„Во целост ги демантирам наводите кои се однесуваат на мојот клиент како
неточни објавен во извештајот насловен како ‘На судењето за пожарот во Пулс се
презентираа комуникации од телефони на обвинети, одбраната бараше повторно
изведување на дел од доказите’.
Во текстот се наведува дека ‘во однос на обвинетиот Александар Нацев, кој негира дека е сопственик на агенцијата за обезбедување ‘Рубикон’, обвинителството презентираше документи за сопственоста, тендери, правилници за облека, фактури и друга документација. На документите бил потпишан Јане Јанчески. Беа прикажани и разговори меѓу Нацев и Мартин Атанасов – Буцо, во кои се разговара за фирмите кои треба да бидат внесени, како и за тоа дали дискотеката треба да биде вклучена.’
Се работи за пренесени целосно невистинити наоди, имајќи предвид дека обвинителството не презентираше никакви докази со кои Александар Нацев е идентификуван како сопственик на агенцијата ‘Рубикон’, а Вие со вашиот семантички погрешен избор на зборови директно влијаете и создавате штета врз теоријата на случај на одбраната. Дополнително, наведувате дека била прикажана комуникација помеѓу Александар Нацев и лице Мартин Атанасов – Буцо, што е погрешна информација и такво тврдење ниту беше изнесено на судското рочиште, ниту беа презентирани изводи од комуникација помеѓу овие две лица, ниту постојат такви разговори“, се вели во демантот на адвокатот Стојчев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ