четврток, 9 јули 2026

Аеродромот Палм Бич преименуван во Меѓународен аеродром Трамп

Меѓународниот аеродром Палм Бич (ПБИ) во американската сојузна држава Флорида денеска и официјално е преименуван во Меѓународен аеродром Трамп, во чест на американскиот претседател Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Промената на името следува откако окружните власти на Палм Бич го одобрија предлогот, и покрај поделените ставови во локалната заедница.

Аеродромот беше клучна точка за патувањата на Трамп за време на неговиот претседателски мандат, кога често престојуваше во својата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида, позната и како „Зимската Бела куќа“.

На свеченоста беа претставени новите табли со натписот „Интернационален аеродром Трамп“.

Настанот привлече голем број поддржувачи на претседателот, но и демонстранти што се противат на одлуката.

Додека едни сметаат дека преименувањето е соодветно признание за поврзаноста на Трамп со регионот, други изразуваат загриженост поради политизацијата на јавните институции и инфраструктурата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ