Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 03:15 часот на 10 јули. Според првичните информации, во кражбата учествувале неколку лица, кои по извршувањето на делото избегале од местото на настанот.
Полициски екипи извршиле увид, а во тек се мерки и активности за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот.





