петок, 10 јули 2026

Малолетничка почина по пад од лулашка во парк во Гостивар

Трагичен настан со смртен исход евидентиран е во вчерашниот полициски билтен за Гостивар. Во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

„Според пријавеното, малолетничката паднала од лулашка во паркот во Гостивар, по што била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар, каде во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт. Известен е јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.“, соопшти СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ