петок, 10 јули 2026

Клубот му забрани на Белгиец да игра и во четвртфиналето на СП

Белгиската репрезентација нема да може да смета на Зено Дебаст во вечерашниот четвртфинален натпревар против Шпанија на Светското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Стоперот на Спортинг пристигна на турнирот со повреда на ногата и досега не забележа ниту еден настап. Иако медицинскиот тим на Белгија проценил дека е подготвен да се врати на теренот, португалскиот клуб не дал дозвола тој да игра.

Од Белгиската фудбалска федерација соопштија дека ставот на Спортинг се разликува од проценките на нивните лекари, како и од медицинските служби на ФИФА. Во моментов Дебаст работи по индивидуална програма под надзор на кондицискиот тим.

Во изминатите денови се воделе разговори меѓу Спортинг и белгиската федерација во обид да се најде решение, но дефанзивецот сепак нема да биде дел од составот за пресметката со Шпанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ