петок, 10 јули 2026

На 18 април 2027 ќе има предвремени избори, тврди министерот Лимани

Сѐ уште актуелниот министер за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, изјави дека предвремените парламентарни избори во Македонија ќе се одржат на 18 април 2027 година.  Тој изјавата ја дал за време на говорот одржан за време на летниот камп „Jalë n’ZEurope, на кој присуствувале студенти од Македонија, објави ИН7.

 

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани изјави дека предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе се одржат на 18 април 2027 година. Тој ја даде изјавата за време на говорот одржан на Летниот камп „Јала n’ZEurope“, каде учествуваа студенти од Македонија. Изјавата на Лимани доаѓа во период кога во земјата растат шпекулациите за новите политички случувања и можноста за предвремени избори. Засега нема официјално известување од надлежните институции за одредување на овој датум“, пишува на официјалната фејсбук страница на ИН7.

Тој ја дал изјавата за време на говорот одржан на летниот камп „Јала n’ZEurope“, каде учествувале студенти од Македонија.

Изјавата на Лимани доаѓа откако тој претходно најави дека веќе не е дел од партијата Влен. Тој во претходните јавни настапи отворено се изјасни за предвремени избори, оценувајќи дека тие би биле во интерес на државата.

„Јас сум за предвремени избори сум и нема веќе да бидам дел од Влен. Сите сме за предвремени избори, освен Влен. Колку побргу се одржат, толку подобро ќе биде за земјата, за нејзиниот економски развој и во исто време за освежување и во рамките на Влен, и во рамките на кој било друг политички субјект или структура“, изјави Лимани во мај 2026 година, откако се појавија несогласувања со политиките и позициите на коалицијата.

Во исто време, а наспроти ставот на Лимани, претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека избори ќе има, но, како што рече ќе се одржат пролетта 2028 година.

„Јас би сакал да имаме редовни избори кои ќе се случат наскоро во пролета 2028 година. А дали 2027 година е опција, знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвено да оди на избори и да победи. Но, она кое што ние сега го правиме и го има нашиот фокус е тоа да испорачаме реформи и да ја зголемиме економската активност со што ќе го зголемиме и животниот стандард на граѓаните“, изјави во мај годинава Мицкоски.

Фатмир Лимани е опфатен со реконструкцијата на Владата. Тој треба да биде разрешен од функцијата министер за социјална политика, демографија и млади, а за нов министер на негово место е предложен Ѓоко Велковски, кој во моментов ја извршува финкцијата заменик-министер во истиот ресор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ