72-годишната мајка на кандидат за пратеник од владејачката партија почина од изгореници, а четири лица беа повредени во еден од трите напади со бомби во северниот град Солун претходно овој месец, објави Ројтерс.
Неидентификуваните напаѓачи оставија плински боци кои биле запалени пред три згради. Првите два напади предизвикале само материјална штета, додека во третиот биле повреди пет лица, вклучувајќи и жена која подоцна починала во болница.
Greek Anti-Terror Police Arrest Three in Connection with Deadly Thessaloniki Bombings https://t.co/VXRoZI5H68
— Greek City Times (@greekcitytimes) July 10, 2026
Полицијата ги поврза осомничените, уапсени денес, со третиот напад. Не се наведени дополнителни детали.
Во две од нападнатите згради се наоѓале станови во сопственост на лица поврзани со владејачката партија Нова демократија, додека третата е во сопственост на локален политичар од таа партија, објави Ројтерс.
Грција има децениска историја на бомбашки напади и напади со палење врз политичари, иако во последниве години ваквите инциденти најчесто предизвикувале само материјална штета.





